Македонија Приведен 18-годишен скопјанец, допирал по телото Французинка

Приведен 18-годишен скопјанец, допирал по телото Французинка

Осумнаесетгодишникот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, полицијата најавува соодветна пријава против него

Image by Nino Carè from Pixabay

Полициски службеници утрово околу 3 часот по полноќ на подрачјето на општината Кисела Вода го лишиле од слобода 18-годишниот Е.Д. од Скопје.

Тој се сомничи дека вечерта, околу 22 часот и 30 минути, допирал по телото на 20-годишна девојка од Република Франција, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Осумнаесетгодишникот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, полицијата најавува соодветна пријава против него.