Македонија Притворен припадник на собраниското обезбедување поради 27 април

Притворен припадник на собраниското обезбедување поради 27 април

Кривичниот суд во Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена на припадник на обезбедувањето на Собранието, кој е дел од осомничените за насилствата од 27 април, оваа година.

Како што пренесуваат медиумите станува збор за Абдулфетах Алими, кој се товари за непостапување во службата, односно е осомничен дека ги дал клучевите од вратите на Собранието.

Тој денеска сам се пријавил во судот, придружуван од адвокат, а по распитот пред судија на претходна постапка, со комбе бил пренесен во истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари.

Според медиумите, кои се повикуваат на видео-снимките од настаните во Собранието, Алими бил членот на собраниското обезбедување кој го спасил пратеникот Зијадин Села од напаѓачите.