Подглавна секција Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна...

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал оштетената, објавувал нејзини фотографии придружени со текст со вулгарна и недолична содржина, упатувал непристојни пораки со што ја нарушувал нејзината чест и углед и предизвикувал чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв

Фото: Glenn Carstens-Peters on Unsplash

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и полово вознемирување.

Според обвинителството, осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал оштетената, објавувал нејзини фотографии придружени со текст со вулгарна и недолична содржина, упатувал непристојни пораки со што ја нарушувал нејзината чест и углед и предизвикувал чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.

Приведен тетовец – на социјалните мрежи направил лажен профил од малолетничка и ја уценувал за секс