Македонија Притвор за осомничен за силување дете во гевгелиско

Притвор за осомничен за силување дете во гевгелиско

Според обвинителството, осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата

Фото: The image was posted by Anemone123 on Pixabay

Јавен обвинител од гевгелиското обвинителство донел Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Според обвинителството, осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради можноста тој да се даде во бегство, да ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и повторување на делото.

„Предлогот е прифатен и со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена“, соопштуваат од обвинителството.