Македонија Пристигна донацијата на вакцините „Фајзер“ од Бугарија, треба да се искористат до...

Пристигна донацијата на вакцините „Фајзер“ од Бугарија, треба да се искористат до 30 септември

Фото: Министерство за здравство

Синоќа во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од соседна Република Бугарија, информираат од Министерство за здравство.

„Веднаш по пристигнувањето, 30.000 вакцини беа дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата, со цел да се обезбеди непречен процес на имунизација на населението.Иако рокот на важност на вакцините е до 30. септември, со постоечката дневна динамика на вакцинација, донираните вакцини ќе бидат употребени далеку пред истекување на овој рок,“ се вели во соопштението.

Инаку, препорачана возраст за имунизација со вакцината „Фајзер-Бионтек“ е над 12 години.