Свет Европа Принцот Ендрју демантира дека имал сексуална врска со тинејџерка

Принцот Ендрју демантира дека имал сексуална врска со тинејџерка

Во изјава пред телевизиски камери, британскиот принц Ендрју првпат сам демантира дека имал сексуална врска со американска тинејџерка.

Во мини-изјавата од само 46 зборови, тој нагласи дека „никогаш немал каков било сексуален контакт или друг однос“ со жената која тврди дека спиела трипати со него кога имала 17 години.