Хроника Прилепчанец разменувал фалсификувани долари во битолска менувачница

Прилепчанец разменувал фалсификувани долари во битолска менувачница

Битолската полиција поднела кривична пријава против 31-годишниот прилепчанец Ј.А. осомничен дека пуштил во оптек фалсификувани американски долари.

Според полициските информации, прилепчанецот го извршил делото за кое се товари кон средината на март годинава, кога во менувачница во Битола разменил шест фалсификувани банкноти во апоени од 100 американски долари.

По откривањето на случајот, полициски службеници извршиле претрес и кај прилепчанецот нашле уште пет фалсификувани банкноти, исто така во апоени од 100 долари.

Против Ј.А., СВР Битола поднел кривична пријава за фалсификување пари.