Хроника Прилепчанец осомничен за седум разбојништва

Прилепчанец осомничен за седум разбојништва

Судија на предходна постапка му одредил 30 дена притвор на прилепчанецот А.А. (28), осомничен дека во декември, минатата година, извршил седум разбојништва.

Според полициските информации, притворениот, во периодот од 12 до 24 декември, насилно ограбил седуммина прилепчани, од кои одзел златен накит во вкупна вредност од 58.000 денари.

Против него е поднесена кривична пријава за разбојништво, информираат од МВР.