Дописници Прилеп ја одбележа градската слава Свети Никола

Прилеп ја одбележа градската слава Свети Никола

Во присуство на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, домаќините и на голем број граѓани и гости, со посна трпеза во центарот на градот, со песна и со многу благослови за свети Никола да ги чува прилепчани, градот Прилеп по десетти пат го прославува светецот-заштитник.

Годинашен домаќин е „Тутунски комбинат“ – Прилеп, кој приготви богата посна трпеза. Прилепчани се задоволни што продолжува традицијата, зошто секоја втора куќа го има Свети Никола за домашна слава.

Благослови за празникот пред параклисот во центарот на градот упатија прилепското свештенство, владиката Петар, градоначалникот Марјан Ристески и годинешниот домаќин.

Вредните раце на прилепските домаќинки од повеќе невладини организации, кои пред неколку години се запишаа во Гинисовата книга на рекорди, годинава направија 70.000 посни сарми. На трпезата на Булеварот имаше и посно гравче, риба, маслинки, пијалаци.