Македонија Прилеп го одбележа празникот на својот светец-заштитник

Прилеп го одбележа празникот на својот светец-заштитник

Со посна трпеза во центарот на градот, со песна и со многу благослови за свети Никола да ги чува прилепчани, градот Прилеп го прославува денот на својот светец-заштитник. На прославата присуствуваше претседателот Ѓорге Иванов, пратеници од Собранието, градоначалникот Марјан Ристески, како и многу граѓани.
Во чест на денешниот празник, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена и изложбата „Уметниците во чест на Св. Никола‘‘ од Прилеп, Битола, Гевгелија и од Охрид, кои творат на тема „Св. Никола“.