Хроника Пријава за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Пријава за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Гевгелиската полиција поднела кривична пријава против Р.С., директор на Државен инспекторат за земјоделство, поради злоупотребa на службената положба и овластувања. Тој, спротивно на законските прописи, подготвил два службени акти со кои го задолжил Министерството да склучи договори за закуп на земјоделско земјиште со фирмите „Ди си Мила“ ДООЕЛ од Стар Дојран и „Милена пром 2000“ ДООЕЛ од Нов Дојран, со што им се дадени на користење површини за период од 30 години, на кои имало лозови насади, сопственост на правно лице кое претходно било закупец. Пријавениот овозможил од Министерството, преку тужбено барање, да бараат надомест на штета и загубена добивка поради невоведување во владение на предметните парцели и неспроведување на нивните бизнис-планови.