Свет Свет Во престрелка во ноќен клуб во Либан, загинаа осум лица

Во престрелка во ноќен клуб во Либан, загинаа осум лица

Во размена на оган во ноќен клуб во либанскиот град Џуније, загинале осум лица, меѓу кои двајца припадници на либанската агенција за воено разузнавање.

Во инциденот во клубот Џуније, северно од Бејрут, повредени се уште четворица разузнавачи.

Меѓу загинатите се и две жени и двајца членови на семејството Зојатер, познато по трговијата со дрога.