Македонија При гаснење пожар се превртело противпожарно возило, повредени двајца пожарникари

При гаснење пожар се превртело противпожарно возило, повредени двајца пожарникари

Возилото било на Територијалната противпожарна единица Кавадарци

Фото: Мета.мк

Вчера во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во с.Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Двајца пожарникари се здобиле со повреди, информираше МВР.

Од Итната медицинска помош им била укажана помош, по што пожарникарите биле пренесени во болницата во Кавадарци.