Македонија Презентирање реклами за алтернативен туризам

Презентирање реклами за алтернативен туризам

Македонската развојна фондација за претпријатија во партнерство со Локалната агенција за развој од Струга и со „Партнерс Албанија“ од Тирана, денеска во Скопје ќе ги промовира двете рекламни видеопораки за алтернативен туризам.

Рекламите, чие мото е „Излези во природа, влези во авантура!“, ги промовираат местата во македонските региони Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца, како и албанските региони Корча и Поградец како туристички продукти за алтернативен туризам.

Проектот е финансиски поддржан од Европска Унија како дел од третиот повик на прекуграничната програма ИПА за Македонија и за Албанија.