Македонија Презентација: Препораки за работа со отворени образовни ресурси

Презентација: Препораки за работа со отворени образовни ресурси

Утре, 2 декември 201 година, во просториите на ЕУ Инфо-центар во Скопје, со почеток во 11 часот, ќе се одржи презентација на „Препораки за работа со отворени образовни ресурси“ од Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија. Презентацијата ќе трае еден час.

На презентацијата, организирана од „Метаморфозис“ и од Алијансата за отворени образовни ресурси, ќе бидат презентирани тековните состојби, заклучоците и препораките за работа со отворени образовни ресурси во Република Македонија, изработени од Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија.

Целта на презентацијата е да се запознаат присутните со состојбите со ООР во Македонија, како и да се разгледаат можните чекори во иднина за подобрување на климата за вклучување на ООР во образованието.