Култура Претставување на биодиверзитетот на Галичица и на Охридско Езеро

Претставување на биодиверзитетот на Галичица и на Охридско Езеро

Утре, од 10 до 20 часот, на Малиот плоштад во Охрид, домаќините и бројните гости ќе имаат можност, преку соодветна фото-изложба, да го согледаат биодиверзитетот на Национален парк Галичица и на Охридско Езеро.

Презентазијата, по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската унија, „Природата – наше здравје, наше богатство“, ја организира Општина Охрид, во соработка со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Националниот парк Галичица и со Нуркачки клуб „Амфора“.

Целта на овој настан, како што велат организаторите, е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридско Езеро и на планината Галичица, потребата од неговата заштита, како и развивање на чувството за одговорност кон природното наследство.