Спорт Претставени маскотите за ЛОИ и за ПОИ 2016

Претставени маскотите за ЛОИ и за ПОИ 2016

Маскотите ги преставуваат флората и фауната на Бразил

Организацискиот одбор ги престави маскотите за Летните олимписки игри (ЛОИ) и за Параолимписките игри (ПОИ) што ќе се одржат во 2016 во Рио де Жанеиро, Бразил.
Жолтата мачка е маскотата за Летните олимписки игри, а сино-зеленото растение – Параолимписките игри. Маскотите ги преставуваат флората и фауната на Бразил и сè уште немаат имиња. Имињата ќе ги добијат преку гласање на трите предложени имиња на официјалната страна на игрите, кое ќе почне на 14 декември. За маскотата на ЛОИ предложени се имињата Оба, Еба и Тиба Туке, а за маскотата на ПОИ, Есквиндум, Виницуис и Том. Организаторите планираат да продадат 12.000 реплики на маскотите што би можело да им донесе заработувачка поголема од 200 милиони евра.
Летните олимписки игри ќе се одржат од 5 до 21 август, а Параолимписките игри од 7 до 18 септември 2016 година.