Видео Претставен првиот филм во виртуелна реалност

Претставен првиот филм во виртуелна реалност

Компанијата „Околус рифт“ на фестивалот „Санденс“ го претстави својот прв краток филм наречен „Изгубен“ (Lost), кој посетителите можат да го погледнат со помош на виртуелни очила.

Во филмот, гледачот се поставува во улога на големи роботски раце кои се наоѓаат во шума и трагаат по своето тело. Иако самата околина во која раката се движи е интерактивна, екипата која работела на филмот вели дека гледачот може да се фокусира на дејството на филмот без поголеми проблеми.

Воедно, на фестивалот е најавен и филмот „Матадор“ (Bullfighter) кој гледачот го става во улога на матадор.

Introducing Oculus Story Studio from Story Studio on Vimeo.