Свет Претставен конечниот мировен план за Либија

Претставен конечниот мировен план за Либија

Претставникот на Обединетите нации за Либија, Бернардино Леон, го претстави конечниот нацрт-договор за помирување меѓу завојуваните страни и повика тие да го прифатат.

– Ја завршивме нашата работа – изјави доцна синоќа Леон, по состанокот во Мароко, додавајќи дека „сега на страните, учесници во овој дијалог, им останува да реагираат на овој текст“.

Разговорите за нацрт-договорот и за тоа како треба да биде составена единствена влада, се најавени за по муслиманскиот празник Курбан-бајрам.

Во Либија со години владее хаос по соборувањето на власта и по убиството на долгогодишниот лидер Моамер ел Гадафи. Либија е поделена меѓу меѓународно признаената влада со седиште во Торбрук, на истокот на земјата, и другата влада во Триполи, која ја поддржуваат исламските бунтовници.