Култура Претставата на Унковски прогласена за најдобра во Хрватска

Претставата на Унковски прогласена за најдобра во Хрватска

Главната награда на Хрватското друштво на драмски уметници за најдобра претстава за 2014 година, во Хрватска, е доделена на претставата „Три сестри“ од Антон П. Чехов, во режија на Слободан Унковски, а во изведба на Градскиот драмски театар „Гавела“ од Загреб.

Националните награди за најдобрите остварувања во областа на театарот, филмот и на радиото беа соопштени вчеравечер, на свеченото доделување во Загреб. Ова беше прва режија на Унковски во Хрватска, кој досега има голем број постановки на сцените во други центри, како Белград, Љубљана, Москва, Атина, Германија, САД и други.

Претставата „Три сестри“ гостуваше на 39. издание на фестивалот МОТ во Скопје.