Македонија Претседателот Пендаровски потпиша укази за 21 закон

Претседателот Пендаровски потпиша укази за 21 закон

Претседателот на државата Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претседателот Иванов, соопшти неговиот кабинет.

Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на Законот за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, на Законот за Централен регистар на население, на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, на Законот за изменување на Законот за спортот и на Законот за практиканство.

Веб-страницата на претседателот и денеска не е активна, речиси 10 дена откако Пендаровски стапи на функција.