Галерија Претседателот Пендаровски ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на...

Претседателот Пендаровски ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО

Фото: Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Монс, Белгија, ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде имаше и средба со Врховниот командант, генерал Кристофер Каволи.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски оствари средба со припадници на Армијата на Република Северна Македонија распоредени во Врховната команда на сојузничките сили за Европа, соопшти Кабинетот на претседателот.