Македонија Претседателот Пендаровски денеска на средби со челниците на ЕУ во Брисел

Претседателот Пендаровски денеска на средби со челниците на ЕУ во Брисел

Извор на фотографија: Претседател на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски денеска е во посета на Брисел, каде што ќе оствари средби со челниците на Европската унија, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. 

„Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук, како и со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак“, се наведува во соопштението.

Претпладнево, Пендаровски ќе се сретне со Вархеји, Лајчак и Борел, додека средбата со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел е од 15:30 часот. Претседателот претходно ќе се сретне со Сасоли и Кјучук.