Свет Претседателот на Узбекистан итно префрлен во болница

Претседателот на Узбекистан итно префрлен во болница

Претседателот на Узбекистан, Ислам Каримов, кој е на власт повеќе од 25 години, итно бил префрлен во болница, соопшти узбекистанската влада без детали за природата на болеста.

Владата соопшти дека специјалистите во целост ќе извршат преглед на 78-годишниот претседател и дека по тоа лечењето ќе трае „одреден временски период“.

Каримов беше избран за претседател на Узбекистан во 1991 година, по распадот на Советскиот Сојуз.