Македонија Претседателот Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“

Претседателот Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2015-2016 година.

Стипендиите им се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис-администрација – МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.

Стипендиите се обезбедени од Минстерството за образование и наука и од Универзитетот „Шефилд“.