Македонија Претседателот Иванов ѝ ја честита победата на хрватската претседателка

Претседателот Иванов ѝ ја честита победата на хрватската претседателка

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод изборот на функцијата Претседател на Република Хрватска, упати честитка до  Колинда Грабар-Китаровиќ.

Во честитката тој вели дека за време на нејизниот мандат, Република Хрватска како докажан пријател на Република Македонија ќе продолжи силно да ги поддржува нашите заложби за интегрирање во Европска Унија и во НАТО.