Свет Балкан Претседателката на Хрватска бара оставка од премиерот

Претседателката на Хрватска бара оставка од премиерот

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ побара оставка од премиерот Зоран Милановиќ.
Во соопштението кое е потпишано нејзиниот портпарол, Лука Ѓуриќ, се потсетува дека таа во телефонскиот разговор од 19 февруари најавила испраќање предлог за заедничка седница со Владата поради тешката економска и социјална состојба во земјата.
Од кабинетот на Милановиќ испратија предлог до претседателката нејзините соработници да се подготват „за заедничката седница на Владата со конкретни предлози, начини на спроведување и со процена за финансиското влијание на овие предлози“. Од канцеларијата на Грабар-Китаровиќ денеска одговорија дека „претседателката, по темелната анализа и консултациите со економските експерти, дошла до заклучок дека најконкретен предлог за излез на Хрватска од кризата е оставка на претседателот на Владата на Република Хрватска“.