Дописници Претпоследна фестивалска вечер на „Охридско лето“

Претпоследна фестивалска вечер на „Охридско лето“

Вечерва е претпоследната програмска фестивалска вечер на „Охридско лето“.

Целовечерен концерт ќе има руското виолинистичко-пијанистичко дуо Вадим Репин – Андреј Коробејников, во црквата Св.Софија со почеток во 21 часот.

Свеченото затворање на фестивалот годинава ќе биде со песни од театарски претстави на Горан Трајкоски во периодот од 2003 до 2013 година.