Македонија Претпладнево сончево, попладне ќе врне

Претпладнево сончево, попладне ќе врне

Времето во Македонија до попладне ќе биде сончево и топло, а попладне и на крајот на денот, претежно во западните планински подрачја, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневните температури ќе се движат од 28 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец со дневна температура до 33 Целзиусови степени.

Локална нестабилност ќе има и утре околу пладне, претежно во западните и североисточните делови.