Македонија Претпладне сончево, попладне пороен дожд

Претпладне сончево, попладне пороен дожд

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, додека напладне и во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Максималната температурата ќе се движи од 24 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 32 Целзиусови степени.

Во текот на утрешниот ден ќе дува умерен до засилен северен ветер, со услови за ретка појава на краткотраен дожд.