Македонија Претпладне локалeн дожд, попладне стабилно време

Претпладне локалeн дожд, попладне стабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови се очекуваат локални врнежи од дожд, особено во северните делови од земјава. Попладне се очекува стабилизирање на времето и постепено намалување на облачноста. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопје и во околината ќе преовладува слично време, со температура до 16 Целзиусови степени.

Викендов нè очекува стабилно, суво и релативно топло време, а во одделни котлини и по речните долини ќе има појава на слаба магла.