Македонија Претпладне дожд, попладне облаци

Претпладне дожд, попладне облаци

Денеска времето ќе биде умерено облачно со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните и во источите делови на земјава, а веќе во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите ќе се намалува.

Утринската температура се движи од 2 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 12 степени.

Во Скопје, во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено изразени околу пладне и попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 11 Целзисуови степени.