Македонија Претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд

Претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури се движеа меѓу 9 и 16 Целзиусови степени, а дневните ќе бидат во распон од 16 до 25 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 13 степени и дневна до 21 Целзиусови степени.

Променливо облачно време со локален дожд ќе се задржи и в среда и в четврток. Веќе од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.