Хроника Престрелка во центарот на Охрид

Престрелка во центарот на Охрид

Доцна синоќа, едно лице е тешко повредено во престрелка во центарот на Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски, кој за денеска најави повеќе информации.

Тој објасни дека инцидентот не може да се поврзе со изборниот процес и со вчерашното гласање.

Димоски истакна дека полицијата брзо интервенирала, го фатила и го привела напаѓачот.

Лицето во кое е пукано добило тешки повреди во пределот на нозете. Веднаш е хоспитализирано и е задржано на лекување во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.