Македонија Преминот Евзони е сè уште затворен, на Меџитлија и на Дојран се...

Преминот Евзони е сè уште затворен, на Меџитлија и на Дојран се чека по еден час

Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница и денеска, седми ден по ред, е затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. За сообраќај се отворени премините Дојран и Меџитлија, каде поради зголемената фреквенција има задржување од најмалку еден час, соопштија од АМСМ.

На другите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по на места влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци кон Тетово, Скопје и кон Катланово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.