Свет Европа Премиерот на Исланд поднесе оставка

Премиерот на Исланд поднесе оставка

Исландскиот премиер, Сигмундур Гунлаугсон, денеска поднесе оставка откако „Панама пејперс“ покажаа дека заедно со сопругата имал офшор-компанија преку која испрал милиони долари.

Гунлаугсон поднесе барање од претседателот Олафур Рагнар Гримсон да го распушти парламентот откако опозицијата побара гласање доверба. Претседателот го отфрли барањето, по што премиерот поднесе оставка.

Десетици државници и влијателни богаташи се поврзани со најголемото протекување на податоци во историјата, кое откри дека криеле пари во офшор-компании и тоа преку панамската компанија „Мосак Фонсека“.