Македонија Премиерот Ковачевски ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и...

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО

Фото: Влада на РСМ

Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО, соопштија од Владата.

Утре, на 24 март, заедно со Ковачевски на состанокот на Северноатланскиот совет ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска како и постојаниот претставник на Република Северна Македонија во НАТО амбасадорот Дане Талески.