Македонија Премиерот Груевски со владина делегација во посета на Саудиска Арабија

Премиерот Груевски со владина делегација во посета на Саудиска Арабија

Владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски од денеска е во посета на Саудиска Арабија, пренесуваат медиумите.

Владината делегација, покрај премиерот, ја сочинуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, и заменик-министерот за економија, Христијан Делев, кои, како што соопштиле од владината служба за односи со јавноста, ќе престојуваат во политичко-економска посета на Кралството.

За време на посетата, во главниот град Ријад, предвидено е премиерот Груевски да оствари средба со политичкиот естаблишмент на Саудиска Арабија, односно со принцот Арабија Салман бин Абдулазиз ал-Сауд, кој ги извршува и премиерските должности на државата, потоа со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф бин Ибрахим ал-Басам, и со генералниот секретар на Заливскиот совет за соработка, Абдул Латиф бин Рашид ал-Зајани.

За време на престојот, ќе бидат организирани и бизнис-форуми на кои ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија и за развивање на економската соработка.