Култура Премиера на „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски во прилепскиот театар

Премиера на „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски во прилепскиот театар

На сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” утре со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Првата реприза е закажана за задутре во 20 часот.

Оваа претстава на прилепскиот театар претставува второ поставување на култниот роман „Пиреј” од Петре М. Андреевски на театарска сцена. Драматизацијата ја изработи Љупчо Ѓеоргиевски во соработка со драматургот Ивана Нелковска.