Култура Премиера на јапонската оперска претстава „Ноќен жерав“ во МОБ

Премиера на јапонската оперска претстава „Ноќен жерав“ во МОБ

В петок, 12 декември, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена премиерата на јапонската оперска претстава „Ноќен жерав“ од Икума Дан. Ова јапонско национално дело обработува јапонска традиционална бајка, а во претставата ќе настапат солистите Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши, Шигеки Мине.

Режисер е Кацухиро Котецу, а диригент Мазахико Окочи.

Учествуваат и оркестарот на Македонската опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, под раководство на Весна Димчевска.