Дописници Преку кредит, Општина Штип ќе купува комунални возила

Преку кредит, Општина Штип ќе купува комунални возила

Општината Штип ќе се задолжи со 16 милиoни денари или околу 260.000 евра за да купи возило за чистење на снег и уште едно специјализирано за инесување на смет. Предлогот наидува на негодување кај опозицијата, но и кај граѓаните, по искуството со посчедниот кредит, кога градот се задолжи и се’ уште ги враќа парите, а плоштадот и платформите за паркирање не се изградија според проектот.

Советниците на следната седница на Советот на Општината Штип ќе одлучуваат за предлогот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој. Предлогот, кој е веќе во комисиска процедура, предвидува кредитот да се враќа за 10 години, со грејс-период од три години. Тоа значи, дека плаќањето ќе почне со почетокот на мандатот на новата локална власт.

Кредитот, сепак, треба да го одобри владата, а за секоја исплата на ратите, Општината е должна да го извести Министерството за финасии.