Дописници Преку хонорарна работа до заработувачка

Преку хонорарна работа до заработувачка

Преку хонорарна работа до остварување на вашите кариерни цели беше темата на денешната работилница, која се одржа во Американското катче во Тетово.

На работилницата, учесниците имаа можност да дознаат како да заработат на алтернативен начин, користејќи ги стекнатите знаења и вештини.

На настанот преку платформата „Хитленсер.ком“ (Hitlenser.com), дел од присутните стопанственици се договараа со лица за реализирање различни работни активности.

Веб-платформата поддржана од Амбасадата на САД во Скопје, има цел да ги поврзе компаниите или индивидуите, со лица со одредени знаења и вештини, за нивно интелектуално ангажирање за одреден временск период.

Хонорарната работа како концепт на работа е добро познат во западноевропските земји, а во последно време со ваквиот начин на заработка сè почесто се занимаваат македонските граѓани, кои најчесто работат на странски проекти.

З.Д.