Свет Свет Прекршено примирјето во Колумбија, убиени двајца бунтовници

Прекршено примирјето во Колумбија, убиени двајца бунтовници

Двајца бунтовници од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) се убиени, а еден им се предал на колумбиските владини сили во северната колумбиска покраина Боливар, откако вооружени излегле од зоната што им е одредена со примирјето.

Колумбиската војска го потврди инцидентот, кој претставува прво кршење на билатералното примирје што владата во Богота и ФАРК го потпишаа во септември, а кој минатиот месец беше одбиен на референдум.

Двете страни изминатиот викенд ја финализираа ревидираната верзија на договорот, кој треба да стави крај на судирите што траат 52 години, а во кои се убиени повеќе од 220.000 лица и се раселени милиони Колумбијци.