Свет Европа Прекинот на огнот во Украина не се почитува, соопшти Заниер

Прекинот на огнот во Украина не се почитува, соопшти Заниер

Сè уште има значителни прекршувања на прекинот на огнот во Украина, соопшти во Њујорк генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.

Тој додаде дека засега нема докази дека сите страни го повлекуваат тешкото оружје од фронталната линија, како што беше договорено минатата недела.

Заниер, по состанокот со претставниците на Советот за безбедност на ОН, изјави дека мора да се изврши притисок врз двете страни за да се обезбеди согласност.