fbpx
Таг: Ламберто Заниер

таг: Ламберто Заниер

Заниер ќе ги поддржи напорите на Македонија за зацврстување на демократските вредности

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска имаше средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кој присуствуваше на Годишниот состанок на шефовите на теренски оперативни мисии на ОБСЕ во Југоисточна Европа, што годинава се организира во Скопје, соопшти македонското МНР. Димитров на средбата изразил задоволство од долгогодишната соработка со Македонија и подготвеност таа да продолжи во иднина, со...

Заев го уверил Заниер дека Владата ќе работи за целосна интеграција на сите граѓани

„Се определивме за концептот „едно општество за сите“, кој се покажа успешен затоа што сите граѓани сакаат да живеат квалитетно во родната земја. Ние се грижиме за практичните потреби на сите граѓани, во согласност со Уставот и така ќе продолжиме да работиме“, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Ламберто Заниер,...

Курц и Заниер најостро ги осудија упадот во Собранието и нападот на пратениците

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи, Себастијан Курц, и генералниот секретар на ОБСЕ, Лaмберто Заниер, најостро го осудуваат вчерашниот упад во Собранието на Македонија во Скопје. Тие сметаат дека насилството не може да биде замена за политичките решенија и дека таквите решенија треба да се бараат во рамките на демократските процеси на одговорен начин. „Нападите на неколку членови на...

Заниер бара продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, синоќа во Приштина се заложи за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, како и за спроведување на досега постигнатите договори. Тој по средбата со претставници на Српската листа, соопшти дека главна тема на разговорите била „општата политичка и безбедносна состојба на малцинските заедници и функционирањето на институциите во заштита на немнозинските заедници“ во...

Враќањето на политичката стабилност мора да биде највисок приоритет, порача Заниер

Надминување на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет, се наведува во соопштението на Мисијата на ОБСЕ во Скопје по завршувањето на посетата на генералниот секретар на организацијата, Ламберто Заниер, и на средбите со државниот и со политичкиот врв на земјава. Заниер, стои во соопштението, изразил загриженост за последните случувања во земјава и ги повикал...

Заниер твитна: Политичката криза не смее да се прелее во меѓуетнички тензии

Политичките лидери мора да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза и не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии. Ова е главната порака што генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, им ја пренел на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и на министерот за надворешни работи, Никола Попоски. „Утрово се сретнав со претседателот...

Попоски и Заниер разговараа за случувањата во постизборниот период

Шефот на македонската дипломатија во заминување, Никола Попоски, денеска со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, разговараше актуелната политичка ситуација во Република Македонија, како и за севкупната соработка на Македонија со ОБСЕ. На средбата, како што стои во соопштението од МНР, Попоски ја нагласил корисноста од поддршката на Организацијата, која е посветена на изборни реформи, интеграција преку образованието и на процесот...

Иванов – Заниер: Кризата е правна и политичка – од правната лесно ќе излеземе

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кому му соопштил дека кризата има правен и политички аспект, кои се проблем, но и услов за излез од неа. „Во однос на правниот аспект поврзан со роковите за доделување на мандатот, Иванов истакна дека е лесно надминлив. Во однос на политичкиот аспект, претседателот Иванов истакна дека...

Заниер: Политичката криза се заканува да добие меѓуетничка и регионална димензија

Напредокот постигнат во 2016 година ќе биде загрозен без политичка стабилност, а продолжената политичка криза е штетна за земјата и му штети на народот, оцени генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, во колумна објавена во „Утрински весник“. „Двегодишна политичка криза не само што ги забавува реформите, туку и се заканува да добие меѓуетничка и регионална димензија, нешто што земјата не...

Шефот на ОБСЕ ќе се сретне со државниот и со политичкиот врв

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, синоќа допатува во Скопје поради новонастаната криза со недоделувањето на мандатот за формирање нова влада. Заниер во текот на денот ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на парламентарните политички партии, како и со претставниците на граѓанските организации. Минатата недела, откако Иванов одлучи да не го додели мандатот,...

Кој побара Иванов да ја повлече одлуката, а кој го поддржа?

Генералниот секретар на ОБСЕ, двајца еврокомесари, министри на земји членки на ЕУ, амбасадорот на САД во Македонија, министерката за надворешни работи на Канада и заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања досега побараа македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, да ја преиспита својата одлука да не го додели мандатот на СДСМ, кој обезбеди 67 пратенички потписи, односно мнозинство...

Шефот на ОБСЕ, Заниер, утре и задутре во посета на Скопје

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, в среда и в четврток ќе престојува во работна посета на Македонија. Според најавите, Заниер се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, и со претставници на парламентарните политички партии. Заниер во четвртокот минатата недела изрази загриженост поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели...

Шефот на ОБСЕ, Заниер, загрижен, следната недела доаѓа во Скопје

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, денеска изрази загриженост поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада. „Загрижен сум поради развојот на настаните во Скопје. Владеењето на правото мора да надвладее. Следната недела ќе го посетам Скопје и ќе имам средби со претставници на власта, лидери на политичките...

Прекинот на огнот во Украина не се почитува, соопшти Заниер

Сè уште има значителни прекршувања на прекинот на огнот во Украина, соопшти во Њујорк генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер. Тој додаде дека засега нема докази дека сите страни го повлекуваат тешкото оружје од фронталната линија, како што беше договорено минатата недела. Заниер, по состанокот со претставниците на Советот за безбедност на ОН, изјави дека мора да се изврши притисок врз...

ОБСЕ одобри помош од 20.000 евра за подрачјата погодени од поплавите

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер одобри донација од 20.000 евра од хуманитарнот фонд на Организацијата за итна помош на најпогодените подрачја од поплавите во Скопско и Тетовско. Помошта, потребните алати и материјали, се вели во соопштението од ОБСЕ, ќе бидат доставени преку Мисијата на организацијата во Скопје. Инаку, Мисијата на ОБСЕ во земјава веќе донираше генератори за струја, рачни...

Иванов се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска со сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, кому му укажа благодарност за поддршката што ОБСЕ ја дава во повеќе области, особено во владеење на правото, изборниот процес и законодавство, полицијата, судството и во унапредувањето на меѓуетничките односи. Иванов и Заниер разговарале и за исполнувањето на политичкиот договор од јуни, односно јули и за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...