Македонија Прекинат прагот на алармирање во Битола и Тетово, Скопје повторно меѓу најзагадените...

Прекинат прагот на алармирање во Битола и Тетово, Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

Фото: Мета.мк

Министерство за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 02.01.2023, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3.

Според тоа, епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Тетово и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.

Индексот на загаденост во главниот Скопје во 10.00 часот, според мерните инструменти на IQAir бил 117.

Скопје утрово се наоѓа на 20-то место на листата со најзагадени градови во светот, а во воздухот повторно најприсутни се PM2,5 честичките.

Заради маглата која веќе неколку дена го загуши главниот град, вчера беа откажани 13 лета на авиони што требаше да слетаат на скопскиот аеродром. И утрово беше откажан летот од Шведска за Северна Македонија.