Македонија Прекинат прагот на алармирање поради загадениот воздух во Скопје

Прекинат прагот на алармирање поради загадениот воздух во Скопје

Фото: Мета.мк

Прекинат е прагот на алармирање поради загадениот воздух во Скопје, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Одлуката е донесена согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух од вчера, според среднодневните концентрации на ПМ-10 суспендираните честички кои два последователни дена биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен.

Прагот на алармирање поради екстремните среднодневни концентрации на ПМ-10 честичките за главниот град беше вклучен во саботата.

Поради прекинатиот праг на алармирање престануваат да важат препораките и мерките на МЖСПП. Меѓу другото, се очекува да прекине и бесплатниот автобуски превоз што ЈСП Скопје го воведе вчера поради загадениот воздух.

Инаку, Скопје веќе неколку дена по ред се наоѓа на листата на десетте најзагадени градови во светот. Црвениот аларм за нездрав воздуг веќе неколку дена е вклучен на итнернет-страницата IQ Air. Попладнево загрижувачко загадување имаше на речиси сите мерни места во Скопјс на апликацијата „Мој воздух“.

И денеска високо загадување на воздухот, Скопје 10-ти најзагаден град во светот