Македонија Прекинат конгресот на ССМ – делегатите не гласаа за нов претседател

Прекинат конгресот на ССМ – делегатите не гласаа за нов претседател

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на вонредниот конгрес во Охрид не избра нов лидер. Дел од присутните делегати остро реагираа и упатија бурни критики поради тоа што за новата лидерска функција беше предложен само еден кандидат, односно претседателот на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Дарко Димовски.

Конгресот, кој се одржуваше зад затворени врати беше прекинат. Сега Верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција.

За претседателската функција се кандидираа и Пецо Грујовски, кој е претседател на УПОЗ, како и на претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски, но претседателството на ССМ ги отфрли нивните кандидатури со образложение дека не ги исполниле условите за кандидатура.