Македонија Преговорите за медиумите продолжуваат денеска, на тапет МРТ

Преговорите за медиумите продолжуваат денеска, на тапет МРТ

Политичките партии денеска продолжуваат со разговорите за медиумите во Клубот на пратеници во Скопје. Според најавите, тие денеска ќе разговараат за реформите во МРТ.

Тие, пак, вчера повторно не постигнаa напредок околу спорните прашања, дознава „Мета“.

Според нашите информации, преговарачите разговарале за Агенцијата за медиуми, но не постигнале решение.

Вчера ВМРО–ДПМНЕ ги повика новинарските здруженија да достават предлози што тие ќе ги претстават на средбите на работните групи. Од партијата велат дека нема да прифатат ниту еден закон кој значи цензура на медиумите и високи казни за редакциите.

За СДСМ, пак, секој закон кој значи деполитизација и департизација на институциите задолжени за медиумите е добредојден.

Претходно, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте даде рок до денеска да се постигне договор околу спорните прашања за медиумите.

Сепак, според нашите информации, преговорите ќе продолжат и идната недела кога, конечно, би требало да се најде некое решение задоволително за сите политичките партии.