Хроника Прегазено тригодишно дете во селото Туралево

Прегазено тригодишно дете во селото Туралево

Тригодишно дете го загубило животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во кратовското село Туралево, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, околу 20.30 часот, автомобил, марка „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, што го управувал М.С.(45) од Крива Паланка, удрил во тригодишното дете, кое од сериозноста на повредите починало на самото место.

Надлежните извршиле увид на местото и работат на утврдување на причините и на околностите во кои се случила сообраќајната несреќа.